Кристина Агилера: Си ги сакам новите облини

Кристина Агилера неодамна се пофали со својата фигура откако ослабела 20 килограми, па за „Health” открива како го постигнала тоа. Нејзината „тајна“, вели, е здрава, урамнотежена исхрана, редовно вежбање и секако - посветеноста на сето тоа.



Имено, американската пејачка, која се движи кон средината на петтото десетлетие од својот живот, по првиот од низата предвидени настапи во Лас Вегас ја заскокотка љубопитноста на обожавателите. Како што пишува списанието, поп-ѕвездата „мрази да биде супер-слаба“, ги прифатила и „си ги засакала новите облини“, па сега се стреми да одржува витка и силна става со облини.

Кога во 2008 година го роди синот Макс, кој сега има 15 години, таа беше предмет на бројни негативни коментари поради нејзината тежина. Потоа започна да слабее, но нејзината тежина повторно „варираше“...

Нејзината т.н. „Виножито“ диета подразбира дневен внес на 1.600 калории и исхрана богата со овошје и зеленчук „во светли бои“. Во меѓувреме, таа се откажа од строгата диета и напомена дека наместо „да биде толку строга“ кон себеси, сега се труди да конзумира повеќе интегрална храна и помалку слатки работи.

Извор:  МИА
Објавена на 03.01.2024 15:25:19