Мирисот на солзите на жената ја смирува агресијата кај мажот

Ново научно истражување покажува дека мирисот на женските солзи ја намалува агресијата кај мажите. Тоа ќе рече - мажите кои ги помирисале солзите на испитаничката биле 44 отсто помалку агресивни, во случајов при играње видеоигри што предизвикуваат таков одговор поврзан со активноста на мозокот и центрите одговорни за реакцијата на агресија.



- Намалувањето на агресијата нам ни беше импресивно, се чини - реално. Што и да има во солзите, навистина ја намалува агресијата, истакна Ноам Собел, професор по Невробиологија на Институтот за наука „Вајцман" во Реховот, Израел.

Тој ги предводел истражувањата со Шани Агрон, па нивниот заклучок вели дека кога агресивната реакција е во игра, а мажот е наведен да верува дека жената го изневерува и дека тој треба да се одмазди, испитаникот е значително посмирен кога ќе помириса женски солзи. Во истражувањето создадено со намена да предизвика реакција, се открива дека солзите на жената содржат хемикалии коишто значително влијаат на намалување на агресијата кај мажите. Испитувањето е објавено во „PLOS Biology”.

Претходно беше познато и дека агресивноста на мажјаците кај глодарите се намалува кога ќе помирисаат женски солзи поради социјална сигнализација.

Проф. Собел верува дека хемикалиите во солзите можеби го добиле тоа својство и заради заштита на бебињата. Авторите додаваат дека пронашле слично однесување кај глувците, што е спротивно со тврдењето дека емоционалните солзи се својствени само за човекот.

Извор:  МИА
Објавена на 27.12.2023 12:51:02