Турската полиција додаде над 20 автомобили во својот возен парк. Се работи за возила конфискувани во операции против криминални групации, објави турскиот министер за внатрешни работи, Али Јерликаја.
-Како резултат на успешните операции спроведени од страна на полицијата во Истанбул против организирани криминални групи, запленети се 23 автомобили. Со судска одлука потоа, овие автомобили се предадени на полицијата. Отсега ѝ стојат на располагање на нашата полиција во служба на нашата нација, напиша Јерликаја на „Х“.
Како што пренесува Агенција Анадолија, меѓу одземените возила има и неколку луксузни автомобили - „Мерцедес-Бенц“ од средна и висока класа, „Порше“, „Ферари“, „Бентли“.