Домот од детството на Бијонсе уништен во пожар на Божиќ

Домот од детството на пејачката Бијонсе Ноулс беше уништен во пожар на Божиќ. На пожарникарите во Хјустон, Тексас, САД, во раните утрински часови на Божиќ, им биле потребни 10 минути за да го изгаснат пламените јазици, иако за само три минути пристигнале на местото на несаканиот настан.



Бијонсе, нејзиниот сопруг, раперот Џеј-Зи и нивните две деца кои живеат во куќата, во тој миг биле дома, но не се повредени.

Не е јасно што го предизвикало пожарот во двокатната куќа.

Семејството Ноулс го има домот во Хјустон од 1981 година, пишува „ТМЗ“. Поради сезоната на празници, декември е месецот со вообичаено најмногу пожари во домовите ширум САД, потврди Националното здружение за заштита од пожари.

Извор:  МИА
Објавена на 26.12.2023 11:41:13