Омнибус

Приклучи се на Magenta Moments еуфоријата и играј за новогодишен подарок

Со Новогодишниот календар во Magenta Moments оваа година подароците пристигнуваат порано!

Од 15-ти до 29-ти декември во рамките на Magenta Moments во Telekom MK апликацијата, сите корисници кои ќе се вклучат во претпразничната еуфорија имаат шанса да добијат вреден подарок. Секој ден следува ново изненадување!

Користете ги собраните Magenta Moments срца и земајте тикети бидејќи вашиот тикет е шанса да добиете некој од атрактивните подароци од Техномаркет, JYSK, KFC, Fibula Travel, Светот на Биби, Макпетрол, Pro Sport, Dynamix. Под првото прозорче од Новогодишниот календар се кријат шест Apple часовници, од кои еден може да биде токму Ваш!

Доколку сè уште не ја користите Magenta Moments програмата откријте повеќе детали за истата на следниот линк и уште денес започнете да уживате во незаборавните моменти и понуди креирани за вас, вашите пријатели и вашето семејство.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 15.12.2023 15:44:59