Јогуртот не само што е добар за вашите црева, туку може да го подигне и вашето расположение, покажуваат последните истражувања.
Истражувачите од Медицинскиот факултет на Универзитетот во Вирџинија открија како Lactobacillus, бактерија која се наоѓа во ферментирана храна и јогуртот, му помага на телото да управува со стресот и може да помогне во спречување на депресија и анксиозност.
-Нашето откритие покажува како Lactobacillus жител на цревата влијае на нарушувањата на расположението, со подесување на имунолошкиот систем, објасни Албан Готје, од одделот за невронаука на Универзитетот.
Тимот спроведе иновативен пристап за да се фокусира на лактобацилите. Претходните истражувања од лабораторијата на Готје сугерираа дека бактеријата може да ја промени депресијата кај лабораториските глувци - што е многу ветувачко откритие.
Бевме свесни од нашето претходно истражување дека Lactobacillus е корисен за подобрување на промените во расположението, но основните причини останаа нејасни, првенствено поради техничките предизвици поврзани со проучувањето на микробиомот, додава тој.
Резултатите од истражувањето објаснуваат точно како лактобацилите влијаат на однесувањето и како недостатокот на бактерии може да ја влоши депресијата и анксиозноста.
Лактобацилите од семејството Lactobaccillacea ги одржуваат нивоата на имунолошкиот медијатор наречен интерферон гама кој ја регулира реакцијата на телото на стрес и помага да се спречи депресијата.
-Со овие резултати при рака, имаме нови алатки за оптимизирање на развојот на пробиотиците, кои треба да го забрзаат создавањето на нови терапии, рече истражувачот Андреа Р. Мерчак.