Германија предупредува на „реален“ ризик од исламистички напади поради војната меѓу Израел и Хамас
Шефот на разузнавањето во Германија, Томас Халденванг денеска предупреди дека ризикот од исламистички напади е „реален и поголем отколку што беше веќе долго време“ поради конфликтот меѓу Израел и Хамас.
„Сега се појавува нов квалитет - гледаме повици во џихадистичките спектри за напади и Ал Каеда и ИД да се вклучат во конфликтот на Блискиот Исток“, нагласи Халденванг.
Тој додаде дека властите ја зајакнуваат безбедноста на еврејските институции и големите настани.
Извор: MIA
Објавена на 29.11.2023 14:20:51