Професионалните активности на Македонскиот музички амбасадор, Владимир Четкар оваа есен се расппространети на 3 континенти!
Фотографија: Диоген Коста-Хаџи Милевски
Имено после концертите во Јужна Кореја, Македонија и Унгарија, Четкар заминува на Есенско-Зимска турнеја во САД каде ќе одржи концерти во Њујорк (Chelsea Table & Stage), Кливленд (Bop Stop at the Music Settlement), Чикаго( Skadarliya), Колумбус (Natalie’s Grandview), Сан Франциско (Black Cat Jazz Club) и Детроит (Aretha’s Jazz Café at the Music hall) каде ќе се претстави со својата авторска музика а ќе биде придружуван од Американски, Јапонски и Мексикански музичари.
Покрај овие концерти Четкар паралелно ќе го снима вториот дел од неговиот нов студиски албум кој ќе биде објавен во првата половина на 2024 а снимањeто со живи оркестрални делници ќе се случува во Чикаго и Милвоки во студијата Electrical Audio I Hi-Fi Studios.
Познатиот Њујоршки музички клуб Chelsea Table and Stage настапот на Четкар го најави без штедење на зборови:
-Неговите редовно распродадени концерти ширум светот ќе ве остават маѓепсани и заведени од невероватната енергија и музички гениј на овој артист! Владимир Четкар е ретка врста на уметник во денешната музичка индустрија а неговиот белег е способноста да ги комбинира повеќето таленти кој ги поседува како композитор, гитарист, вокалист, аранжер, оркестратор и продуцент од највисока категорија, притоа создавајќи музика која ве прави да се чувствувате добро, музика која е елегантна и на која можете да играте. Ви гарантираме дека ќе ве расположи и дека ќе го стимулира вашиот мозок со нешто убаво за кое што можете да бидете спокојни.