Футурама

Виртуелната закана може да значи крај за вашиот бизнис

Сајбер безбедноста е од суштинско значење за денешниот дигитален свет. Денес, ние сме изложени на сајбер закани повеќе од кога било досега и овој ризик расте експоненцијално.

Брзината и прецизноста на нападите стануваат сѐ пософистицирани, а компаниите коишто не се штитат го изложуваат својот бизнис на огромен ризик.



Параметри на ризик

Од гледна точка на теорија на ризик, постојат 3 параметри:

- Веројатност за појава на заканата

- Степен на ранливост на системот којшто можат да го користат хакерите

- Штета којашто може да биде предизвикана од сајбер заканата.

Во најдоброто сценарио, нападот може да предизвика: привремен прекин на работата, делумно губење на податоците или финансиска штета.

Во најлош случај, на бизнисот му се заканува виртуелно изумирање преку: губење договори, бази на податоци за корисници, деловни документи, налози, побарувања, историја на односи со клиенти или долгови за ликвидација поради измама или кражба на средства.

Кои се најчести причини за сајбер напад

Опасноста од сајбер напад е присутна постојано, а најчести причини за успешен напад се:

- човечкиот фактор (небрежност, незнаење, ниска свест за заканите)

- ранливиот систем за интернет безбедност - особено внатре зад заштитниот ѕид (Firewall) на системот којшто може да биде нападнат

- недостатокот на енкрипција/шифрирање (encryption)

- лошото функционирање на безбедносната рамка за ААА (authentication, authorization and accounting) и управувањето со идентитетот

Човечкиот фактор како најранлива алка во системот

Луѓето се често најранливиот дел од системот, па затоа е неопходно да се прифати одговорноста, да се организираат обуки за вработените и да се следат и разберат последиците од евентуален напад...сѐ со цел да се зголеми безбедноста.

Кога зборуваме за човечкиот фактор, најчести пропусти се: невнимателно кликање на погрешни места на интернет, одложување на сајбер-безбедносните прашања за подоцна и недостатокот на човечки ресурси, односно имањето мали тимови коишто немаат време да ја прегледаат својата работа, не користат енкрипција/шифрирање на чувствителни содржини и неправилно ракуваат со лозинките.

Анализа на заканите

Сајбер безбедноста ги засега сите оние коишто се поврзани на интернет, особено компаниите коишто го водат бизнисот дигитално. За да се заштитиме, треба да знаеме: што е заштитено и дали тоа што е заштитено е од интерес на потенцијални напаѓачи. Најпрво треба да се направи анализа на заканите, да се сфати стапката за зголемување на ризикот, мотивацијата на напаѓачите и предметот на заштита, а потоа да се одлучи дали сајбер безбедноста треба да се постави како среден или како врвен приоритет.

Направете тест за сајбер безбедност

Не ја потценувајте сајбер безбедноста бидејќи заканите растат експоненцијално, а последиците можат да бидат катастрофални.

Македонски Телеком отвори посебна веб-страница со прашалник, каде што секој може да го тестира нивото на безбедност во својата компанија. Направете го тестот за да видите како стои вашата компанија во однос на сајбер безбедноста.


Започнете со ТЕСТОТ - www.t-test.eu/mk

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 09.11.2023 11:19:36