Астрономите велат дека ја открија најстарата црна дупка досега. Формирана е 470 милиони години по „Големата експлозија” и е откриенa со помош на рендгенски зраци и со користење на телескопите на НАСА.
Има „силни докази“ дека при создавањето била мошне масивна и се верува дека тежи помеѓу 10% и 100% од масата на сите ѕвезди во нејзината галаксија.
НАСА рече дека црната дупка е во рана фаза на раст каква што не е забележана досега. Тоа може да објасни како се формирале некои од првите супермасивни црни дупки во универзумот.
Наодите ги потврдуваат досегашните теории дека супермасивните црни дупки постоеле во почетоците на универзумот. Научниците веруваат дека универзумот започнал пред 13,7 милијарди години, што значи дека проценетата старост на црната дупка е околу 13,2 милијарди години.
Црната дупка, пронајдена во галаксијата наречена UHZ1, е 10 пати поголема од онаа во нашиот Млечен Пат, со дијаметар од 14,6 милиони милји.