Футурама

Недостатокот од длабок сон може да го зголеми ризикот од деменција

Една нова студија покажа дека, кај луѓето над 60 години, намалувањето на длабокиот сон за само 1% годишно е еднакво на 27% зголемен ризик од деменција. Наодите сугерираат дека подобрувањето или одржувањето на длабок сон може да биде начин да се спречи болеста.



Спиењето со бавни бранови, често наречено и длабок сон, обично трае помеѓу 70 и 90 минути и се јавува во првите часови од ноќта. Покрај тоа што е тип на сон што ве тера да се разбудите освежени, за време на длабок сон, телото ги поправа мускулите, коските и ткивата и го зајакнува имунолошкиот систем.

Претходните студии сугерираа дека мозокот ги отстранува токсичните протеини поврзани со деменција за време на длабокиот сон. Сега, резултатите од новата студија на истражувачите од Универзитетот Монаш сугерираат дека намалувањето на длабокиот сон е поврзано со ризикот од деменција кај луѓето над 60 години.

-Спиењето со бавни бранови, или длабок сон, го поддржува стареењето на мозокот на многу начини, и знаеме дека спиењето го зголемува чистењето на метаболичкиот отпад од мозокот, вклучително и олеснување на чистењето на протеините што се создаваат при Алцхајмеровата болест, рече Метју Пасе еден од коавторите на студијата.

-Меѓутоа, до денес не бевме сигурни за улогата на бавниот сон во развојот на деменција. Нашите наоди сугерираат дека намалениот длабок сон може да биде модифициран фактор на ризик од деменција.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 01.11.2023 14:46:58