Научниците ги истражуваат можностите за човечка репродукција во Вселената. Во нов експеримент, ембриони на глувци биле одгледувани на Меѓународната вселенска станица (ISS) што е можен показател дека луѓето ќе можат да се репродуцираат во Вселената.
Резултатите, кои беа објавени во iScience во саботата, покажаа дека микрогравитациската средина има мало или никакво влијание врз тоа како се развиваат ембрионите - барем во многу раните фази на развојот.
Како дел од експериментот, група истражувачи оплодиле ембриони од глувци и ги развиле во фаза на две клетки пред да ги замрзнат. Ембрионите потоа биле лансирани до вселенската станица во август 2021 година на ракетата SpaceX.
Во Вселената, астронаутите на ISS ги одмрзнале замрзнатите ембриони на глувци и ги одгледувале четири дена. Астронаутите потоа хемиски ги зачувале ембрионите и ги испратиле назад на Земјата за да бидат анализирани.
Групата научници зад студијата открила дека ембрионите прераснале во бластоцисти, кластер на клетки создадени од оплодената јајце клетка која се развила во фетусот и плацентата, со нормален број на клетки. Нивната анализа покажала и дека нема значајни промени во состојбата на ДНК и гените.
- Ние спроведуваме истражување за да се осигураме дека ќе можеме безбедно да имаме деца ако дојде тоа време, вели Терухико Вакајама, истражувач на Универзитетот во Јаманаши во Јапонија и главен автор на новата студија.