Футурама

НЛО од 2010-та повторно се најде во центарот на вниманието

Џиновскo НЛО фотографирано над Чиле во 2010 година повторно е во центарот на вниманието поради утврдувањето на неговата автентичност.



Сликата на која е прикажано блескаво портокалово летало скриено зад облаците е направена од семејство кое било на пикник на Андите во 2010 година. Националниот авијациски центар за известување за аномални феномени (NARCAP) го истражуваше појавувањето уште истата година, но научниците повторно го отвораат случајот како дел од новиот документарен филм кој се обидува да докаже и разоткрие чудни феномени.

Експерт по физика од Универзитетот во Олбани вели: „Овој објект е навистина неидентификуван, па затоа е вистинско НЛО“.



Сликата е направена во недела преку ден и на неа се гледа сонцето што сјае низ белите облаци и лента црвеникави облаци од лево, кои обвиткуваат блескав „цврст“ портокалов објект со „интересни површински детали“, се вели во извештајот на NARCAP.

Фотографијата сега беше прикажана во емисијата „The Proof is Out There“ на „History Channel“, каде што експертите утврдија дека никакви ефекти на камерата и заклучија дека објектот е „вистинско НЛО“ – велејќи дека „се приближуваме до вистината.

„The Proof is Out There“ е серијал во кој експерти истражуваат видеа и слики од бизарни глетки снимени од јавноста.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 30.10.2023 10:52:54