Омнибус

ЕХО Фестивалот на планински филм со возбудлива програма од 55 филмови

Дали сте подготвени за 14-то издание на ЕХО фестивалот за планински филм?

Следува уште една возбудлива година, овој пат обогатена со 55 филмски наслови со проекции во три кино сали: Фросина и Џебно кино (МКЦ) и Кинотека на РМ.



Фестивалот започнува на 23-ти (понеделник) и ќе трае до 27-ми октомври. Влезот на сите настани е бесплатен.

Отворањето на фестивалот во понеделник започнува во киното „Фросина“ - МКЦ од 19 часот.

Богатата програма на ЕХО оваа година стартува со 3 исклучителни приказни и тоа:

19:00 „Во замрзнувач: Диретисимата Вокер“, Јаник Боисено, Франција, 27 минути, 2023

19:30 „До планините и назад “, Мајк Квигли, Канада, 47 минути, 2022

20:45 „Подземје “, Франсоа-Хавиер „Фикс“ Де Рујд, Канада, 87 минути, 2023

Покрај проекциите, во рамките на програмата се предвидени четири презентации, мастер клас од полски режисер, еколошка панел дискусија, филмски фокус на македонски автор документаристот Трајче Попов (проектиран на филмска лента во Кинотека). Тука е и конкурсот за најдобра планинска фотографија, собрание на Меѓународна Алијанса за планински филм, изложба на фотографии како и четири детски работилници.

Програмата може да ја погледнете на следниот линк, како и на профилите на ЕХО фестивалот за планински филм на Facebook и на Instagram.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 18.10.2023 14:44:12