Полицијата во Германија, поведе истрага против хигиеничарка која неовластено наплаќала користење на тоалетите на фестивалот „Канстатер фолксфест“ во Штутгарт. На тој начин таа од посетителите „заработила“ илјадници евра.
-Жената ги терала луѓето да плаќаат за користење на инаку бесплатниот тоалет и со тоа заработила неколку илјади евра. Ова е недозволиво. Жената е уапсена и истрагата е во тек, соопшти полицијата.
Според порталот „Штутгартер-Накриштен“, жената е уапсена од полицајци во цивилна облека, и е осомничена за незаконска заработка.
Полицискиот оддел во Штутгарт на својата „Х“-страница објави и фотографија од заработката на хигиеничарката.