Карпите и почвата собрани од астероидот Бену и вратени на Земјата минатиот месец со сондата OSIRIS-REx на НАСА се богати со јаглерод и содржат глинени минерали што содржат вода, кои датираат од раѓањето на Сончевиот систем, објавија научниците.
Откритието дава увид во формирањето на нашата планета и ги поддржува теориите за тоа како водата можеби пристигнала на Земјата во далечното минато.
-Глинените минерали имаат вода заробена во нивната кристална структура, рече Данте Лаурета, научник од Универзитетот во Аризона и главен истражувач на мисијата за враќање на примерокот од астероидот.
- Причината што Земјата денес е погодна за живот, што имаме океани и езера, реки и дождови, е затоа што глинените минерали како оние што ги гледаме од Бену, слетале на Земјата пред четири и пол милијарди години правејќи го нашиот свет погоден за живеење, додава тој.
Капсулата за враќање на примерокот OSIRIS-REx слета во Јута на 24 септември, речиси три години откако леталото преку својот иновативен механизам зема примерок од површината на Бену.