Футурама

Апликацијата Boksy отсега со илјадници книги и за возрасни

На најљубопитните деца коишто ги обожаваат книгите и сакаат да читаат каде и да се, веќе им е позната апликацијата Boksy, првата детска апликација за читање онлајн и слушање аудио книги.

Boksy на иновативен начин ја збогати македонската детска литература и ги подобри читачките навики на најмладите. Но, овој пат апликацијата ни доаѓа збогатена со илјадници наслови и за возрасни и на тој начин станува апликација за читање на целото семејство. Преку стотици е-книги и аудио книги ќе бидат достапни на македонски, англиски и албански јазик, а нивниот број континуирано ќе расте.



Новата верзија на апликацијата е подобрена по бројни основи:

- Е-читач што овозможува лесно и прегледно читање на сите екрани, со можност за прилагодување на фонтот по големина, кај некои наслови овозможен е и фонт прилагоден за луѓе со дислексија.



- Аудио книги за деца и возрасни со можност за подесување дури и пред заспивање.

- Илјадници книги на англиски и македонски јазик за возрасни и аудио книги за деца

- Топ листа со игри за оние со натпреварувачки дух, како и аватари за поттикнување и негување креативност кај најмладите



- Roblox гифт картички како и уште многу изненадувања во иднина за оние кои обожаваат игри.

- Достапност на мобилен или таблет во секое време и насекаде.

- Месечни подароци за најдобрите читатели од топ листата!

- Нови, внимателно избрани наслови секој месец.

Важна е и соработката со скоро сите домашни издавачи, што истовремено значи дополнителна поддршка на домашните автори и авторки во мисијата, домашната литература да допре до што поширока публика од читатели, во правец на нејзино унапредување и популаризирање.

Горди сме на тимот којшто ја развиваше апликацијата од идеја до готов производ, со фокус на оригиналност во доменот на дизајнот и функционалноста и со јасни аспирации за секојдневно усовршување.

Апликацијата Boksy придонесе македонската детска литература да биде на дофат на децата, збогатена со многу забавни содржини и можности за гејмификација. Но, насловите за возрасни дополнително ќе им овозможат на семејствата да изградат подобри односи со книгите, да стекнат корисни навики за повеќе читање и најважно, да поминуваат повеќе квалитетно време заедно додека читаат на екраните.

Апликацијата Boksy може да се преземе од App Store & Google Play Store, а истата е компатибилна за мобилен телефон и таблет. Корисниците ќе може да се претплатат и за само 399 денари месечно да уживаат во дигиталната библиотека и многу игри за деца.

Идните планови на Бокси вклучуваат големи соработки во земјава и лансирања во нови земји од регионот.

Повеќе информации за апликацијата се достапни на веб страницата boksy.mk.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 09.10.2023 11:50:41