Омнибус

Втората продавница на H&M во Скопје се отвора на 20-ти октомври

Шведската модна компанија H&M ги отвора вратите на својата втора продавница во Скопје, во Diamond Mall, на 20-ти октомври, во 11:30 часот. H&M ќе понуди модна инспирација за целото семејство на површина од 1.800 m2.

На денот на големото отворање и до недела, 22 октомври, клиентите ќе имаат можност да добијат -15% попуст на целокупната куповина, и ваучер со -20% попуст на еден производ по нивниот избор, кој може да се искористи во сите продавници на H&M во Скопје помеѓу 6-ти и 10-ти ноември. Дополнително, првите 100 клиенти ќе освојат подарочни картички во вредност од 650МКД.

H&M ќе го прослави отворањето со возбудливи активности и изненадувања за целото семејство! Амбасадорите на H&M и специјалните гости ќе ги дочекаат клиентите заедно со DJ Dimish & Emi Ermilova кои ќе ни донесат атмосфера на специјалниот ден, додека боење на лицето и многу забавни активности ги чекаат децата.

Продавницата на H&M ќе понуди модерно и пријатно искуство на клиентите, преку широк асортиман на облека за жени, мажи, тинејџери и деца, како и додатоци. Работните часови ќе бидат од понеделник до сабота, од 10:00 до 22:00 часот, а во недела и празници од 10:00 до 20:00 часот.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 05.10.2023 10:40:36