Вештачката општа интелигенција (AGI) ќе ја надмине човечката интелигенција во речиси сите полиња во рок од 10 години, изјави Масајоши Сон, извршен директор на јапонската инвестициска корпорација SoftBank.
-Погрешно е да се каже дека вештачката интелигенција не може да биде попаметна од луѓето бидејќи ја создале луѓе. Таа сега учи сама, тренира сама и сама носи заклучоци, исто како и луѓето, нагласи Сон, за Cи-Ен-Ен.
Говорејќи на корпоративната конференција на SoftBank World, тој најави дека во иднина AGI ќе биде десет пати поинтелигентен од збирот на целата човечка интелигенција.