По колку време се забележуваат првите фитнес резултати?

Без разлика дали се работи за зацврстување и влегување во форма или за слабеење, секој сака брзи резултати од вежбањето.

Лошата страна на брзите резултати



Во човечкото тело сè од хормоните, па до невролошкиот систем и неговите сигнали се адаптира на секоја мала промена во исхраната и рутината на вежбање, а кога овие работи се менуваат премногу драстично – како на пример намалување на дневниот внес на калории од 2500 на 1200, адаптациите низ кои поминува телото предизвикуваат повеќе штета отколку корист.

Во тој случај, телото претпоставува дека гладувате и дека нема доволно храна на располагање, па за да ги сочува калориите почнува да согорува протеин (т.е мускулите) за енергија. Ова ги запира метаболичките процеси за согорување на маснотии и настанува метаболичко оштетување.

Тоа исто значи дека слабеењето ќе трае сè додека повторно не почнете да се храните нормално, при што целата тежина повторно се враќа, па и се наголемува, во првите 4 до 5 години – т.н јо-јо ефект кој го имаат скоро сите модерни диети кои се базираат на изгладнување, „прочистување“ со сокови и сл.

Исхраната која има премал број на калории ја намалува и способноста на телото да синтетизира нови, метаболично активни мускули, со што се негираат сите напори од вежбањето, а се намалува и енергијата.

Важно е да се напомене дека мускулите не зајакнуваат за време на вежбањето, туку во деновите по него кога заздравуваат и се адаптираат на сè поголемите тежини и интензитет на вежбање.

Сето ова резултира со немање на очекувани резултати од вежбањето, колку и да тренирате.

Правилно вежбање и слабеење

Кога се почнува со здрава исхрана и вежбање, некои луѓе веднаш забележуваат промени во нивниот изглед – што е резултат на намалениот внес на процесирана храна, натриум и рафинирани јаглехидрати, што пак ја намалува подуеноста.

За личности со прекумерна тежина кои сакаат значително да ослабат и да создадат мускули, 8 неделен тренинг може да резултира со визуелна промена на големината на горниот дел на рацете. Иако губењето на мастите во таа област може да е значајно, зголемувањето на мускулот во истата област ја минимизира визуелната големина на намалувањето, па може да се чини дека и нема некои големи промени.

Некој, пак, кој имал 4,5 до 5kg. повеќе од неговата идеална тежина, за 8 недели ќе забележи мускулна дефиниција, бидејќи мускулите се скриени под многу помалку масни слоеви.

Од тие причини, за да се утврди вистинскиот степен на промените, потребно е да се мери процентот на масни наслаги во телото.

Храна за добри фитнес резултати

На телото му е потребно гориво, т.е храна, за да има доволно енергија за вежбање.

Внесување на 200 до 300 калории пред вежбање помага за подобри перформанси, во споредба со вежбање на празен стомак.

Јадењето појадок пред утринскиот тренинг предизвикува телото да согорува повеќе јаглехидрати за време на вежбањето, во споредба со постење кое започнало по вечерата од претходниот ден.

Како да се забрзаат резултатите на здрав начин?

1) Зголемувајте го интензитетот на вежбите и внесот на протеин.

2) Хранете се да го „напојувате“ телото со енергија, јадете минимално процесирана храна која е богата со влакна

3) Давајте приоритет на тежинските тренинзи наместо на класичното кардио со рамно темно, бидејќи тие го зголемуваат согорувањето на калориите и до 72 часа по завршувањето на тренингот.

4) Дајте му време на телото да закрепне, имајте најмалку еден ден за одмор во неделата и не тренирајте интензивно иста мускулна група два пати во период од 3 дена.

5) По 6 до 12 недели променете ја програмата на вежбање, за да не дозволите телото да се адаптира на неа и да настане плато, т.е стагнирање со резултатите.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 03.10.2023 17:16:12