Футурама

НАСА откри сосема нова категорија на светови

Вселенскиот телескоп Џејмс Веб на НАСА откри нова мистериозна класа на објекти додека ја набљудуваше маглината Орион оддалечена околу 1.344 светлосни години.



Телата со големина на Јупитер се бизарна нова категорија на светови кои се чини дека пркосат на класификацијата, па дури и ги збунија научниците.

Тие се наречени Jumbo бидејќи се слични по маса со Јупитер, но не можат да бидат планети бидејќи не орбитираат околу матичната ѕвезда, а воедно се премногу мали за да бидат ѕвезди.



Jumbo содржат пареа и метан во нивните атмосфери и пеколни температури на површината од приближно 1.000 °C, но експертите не мислат дека тие се дом на вонземски живот.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 03.10.2023 14:29:51