Винисиус се врати на тренинзите

Фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор изјави дека се вратил на тимските тренинзи.



Винисиус објави фотографија од тренинг и напиша: „Подготвен сум!“

Претходно, тренерот на Реал Мадрид, Анчелоти најави целосно закрепнување на Винисиус.



Дваесет и тригодишниот Бразилец нема играно од 25 август по повредата добиена на натпреварот од 3. коло од Ла Лига со Селта Виго (1:0), како и поради гастроентеритис.



Соопштено е дека Винисиус ќе биде вклучен во составот за натпреварот на Реал Мадрид против Лас Палмас закажан за утре во 19 часот.

Извор:  МИА
Објавена на 26.09.2023 11:39:48