Футурама

Милениумците“ се жалат: Сѐ помалку баби и дедовци денес ги чуваат внуците

Лицата од тн. генерација „милениумци“, родени последните 15 - 20 години од минатото илјадалетие, денес имаат 25 - 40 години и се сеќаваат како престојувале кај нивните баби и дедовци секој викенд и / или цел летен одмор. Денес, сметаат многумина, состојбата е значително поинаква, па една мајка-милениумка објаснува - зошто е тоа така?

„Прејдовме од генерација деца кои секој викенд го минуваа кај баба сѝ и дедо сѝ, во генерација родители кои секој миг го минуваат со своите деца“, гласи насловот на видеото објавено на Тикток-профилот @brittnievh.
https://www.tiktok.com/@brittnievh/video/7266908793471044907
- За многу луѓе денес, поширокото семејство е „невидливо“. Селото веќе не ги воспитува децата. Ние (родителите) сме „селото“. Тоа е разликата меѓу нас, заклучува авторката во своето видео.

Во коментарите потоа, многумина се согласија, велејќи дека жалат што нивните деца немаат ист однос со бабите и дедовците, каков што самите тие имале со своите.

„Нема село, нема помош. Само јас и мојот сопруг сме. Никој не е заинтересиран“, „Ме воспитуваа баба ми и дедо ми, така што не би ни очекувала дека моите родители знаат да се грижат за моето дете“, „Имам измешани емоции за ова. Жалам што родителите секогаш ме праќаа кај баба ми, но би сакала денешните баби да помагаат повеќе“ - се дел од коментарите.

Извор:  MIA
Објавена на 18.09.2023 10:49:58