Тејлор Свифт триумфираше на „Ем-ти-ви наградите“ за 2023 година

Тејлор Свифт е големата победничка на „Ем-ти-ви видеомузичките награди“ (MTV Video Music Awards) за оваа 2023 година, бидејќи нејзината песна „Anti-Hero“ доминираше вечерта. Свифт освои 9 одличја од 11 номинации, вклучувајќи ја и главната награда за видеоспот на годината, за најдобра песна, визуелни ефекти и најдобра поп-песна на годината.



- Ова е неверојатно. Фактот дека за оваа награда гласаат гледачите значи многу за мене, изјави таа.

Свифт ја доби и наградата за албум на годината („Midnights“), како и за најдобар уметник, на доделувањето во „Пруденшл центарот“ во Њуарк, Њу Џерси, САД.

Водителка на емисијата беше Ники Минаж, која исто така настапи и победи во категоријата најдобра хип-хоп изведба, за хитот „Super Freaky Girl“. Лил Вејн го отвори шоуто, додека други изведувачи беа Оливија Родриго, Карди Би и Меган Ти Сталион. Се прославија и 50 години хип-хоп со крајната изведба во којашто беа вклучени Ники Минаж, Ел-ел Кул Џеј, „Ран-Д.М.Ц.“ и „Грендмастер Флеш енд д Фјуриус фајв“ коишто ја израпуваа „The Message“.

Извор:  MIA
Објавена на 13.09.2023 10:25:34