Меѓународниот саем за автомобили „ИАА мобилити“ во Минхен почнува денеска

Меѓународниот саем за автомобили „ИАА мобилити“ во Минхен, Германија, ги отвора вратите денеска. На него ќе бидат претставени водечките производители на возила од целиот свет.

Најголемиот автосаем во Германија се очекува да го отвори германскиот канцелар Олаф Шолц.



На автосалонот во престолнината на германската покраина Баварија учествуваат и голем број производители на возила од цел свет, на пр. американската корпорација „Форд“, француски „Рено“, јапонски „Хонда мотор“ и кинески „БИД“. Меѓу најочекуваните новитети се и германските автомобилски концерни „Мерцедес“, „БМВ“ и „Фолксваген груп“, чиишто брендови се „Ауди“, „Сеат“, „Шкода“, „Порше“, „Бентли“ и „Ламборгини“.

Извор:  MIA
Објавена на 05.09.2023 10:34:53