Футурама

Научници трансформираа агресивен рак во безопасно мускулно ткиво

Група научници успешно направи трансформација на клетките на агресивна форма на рак (рабдомиосарком) во нормални, здрави мускулни клетки.



-Секој успешен лек има своја приказна на потекло. А ваквото истражување е почвата од која се раѓаат нови лекови, вели професорот од лабораторијата Колд Спринг Харбор, Кристофер Вакоч.

-Клетките буквално се претвораат во мускули. Туморот ги губи сите атрибути на ракот. Тие се префрлаат од клетка која само сака да се размножи во клетки посветени на контракција. Бидејќи целата енергија и ресурси сега се посветени на контракција, клетката не може да се врати на размножување, објаснува тој.

Рабдомиосарком, вид на рак кој обично се забележува кај деца и адолесценти, обично потекнува од скелетните мускули кога клетките во нив мутираат и почнуваат да се размножуваат и да се шират низ целото тело.

Вакоч и неговиот тим создадоа нова техника за генетски скрининг. Со развивање на технологија за едитирање на геномот, научниците ги пронајдоа гените со чија измена клетките на ракот се претвораат во мускулни клетки.

Потоа во равенката беше додаден и протеинот NF-Y, кој откако ќе биде оштетен научниците забележаа неверојатна мутација.

Откриената поврзаност помеѓу NF-Y и ракот може да ја предизвика верижната реакција потребна за да се донесе диференцијална терапија кај пациентите. Технологијата би можела да биде практична и за други видови на рак. Ако е така, научниците може еден ден да откријат како да ги претворат другите тумори во здрави клетки.

-Ова може да биде клучен чекор кон правење подостапна терапија за диференцијација-објаснува Вакоч.

Претходно, Вакоч заедно со неговиот тим успешно ги трансформираше клетките на Јуинг сарком во клетки од здраво ткиво.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 30.08.2023 17:39:58