Смеењето е најдобриот лек за вашето срце

Една неодамнешна студија откри интересни наоди кои сугерираат дека смеењето има позитивно влијание врз здравјето на срцето така што го поттикнува проширувањето на срцевото ткиво и ја подобрува циркулацијата на кислород низ телото.



Истражувачите спроведоа експеримент за да ги истражат потенцијалните придобивки од терапијата со смеа во справувањето со симптомите од срцеви заболувања.

Студијата главно се фокусирала на лица со коронарна артериска болест, состојба која произлегува од акумулацијата на наслаги во артериите кои го снабдуваат срцето со крв. Истата била спроведена на дваесет и шест учесници, со просечна возраст од 64 години, кај кои била дијагностицирана коронарна артериска болест.

Во период од три месеци, учесниците биле поделени во две групи за да може да се набљудува поврзаноста помеѓу смеата и здравјето на срцето. Една од групите гледала едночасовни хумористични програми двапати неделно, додека другата група гледала сериозни документарни филмови.

На крајот од 12-неделниот експеримент, групата која гледала комедии покажала подобрување на здравјето на срцето.

Според наодите од студијата, функционалниот капацитет на кардиоваскуларниот систем бил зголемен за 10 проценти. Заклучокот е донесен по тестот кој ја мери способноста на срцето да пумпа кислород низ телото.

Дополнително, оваа група покажала подобрена артериска експанзија. Тестовите на крвта спроведени за мерење на воспалителни биомаркери покажале значително намалување на воспалението поврзано со наслагите. Ова имплицирало дека има намален ризик од срцев или мозочен удар.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 29.08.2023 15:59:57