7 чекори до рамен стомак



1.Помалку сол во исхраната

Солта ја задржува водата во телото, па поради тоа по солениот оброк ќе патите од подуеност и ќе имате вишок вода во организмот. Освен сол, треба да се избегнува преработена храна и зачини кои имаат многу сол. Избегнувајте и храна за микробранова печка, наместо тоа одлучете се за овошје или зеленчук.

2.Намалете ја количината на јаглехидрати

За рамен стомак треба да избегнувате преработени јаглехидрати како тестенини и печива. Кога ќе го намалите внесот на јаглехидрати вашето тело ќе искористува повеќе насобрани јаглехидрати како гликоген, со што се елиминира акумулираната течност.

3.Внимавајте со консумирањето на млечни производи

Ако по некој млечен оброк се чувствувате подуено можеби сте чувствителни на лактоза. Ова се случува на луѓето чие тело не може да го преработи шеќерот од млекото, поради што доаѓа до подуеност, грчеви, пролив. Ако имате вакви проблеми консумирајте млечни производи со малку лактоза или без лактоза. Алтернатива може да биде млекото од соја

4.Изберете го соодветното овошје

Изберете овошје кое што е добро за вашиот стомак. Бобинките, грозјето и цитрусното овошје имаат скоро еднаква и нискокалорична фруктоза и глукоза, поради што полесно се варат од овошјето со повеќе фруктоза како крушката, јаболката и дињата.

5.Заменете ги зачините

Зачинетата храна го иритира желудникот и поттикнува излачување на желудочни киселини. Ако сакате да се решите од надуеноста исфрлете ги зачините, лукот и слично. Наместо тоа, одлучете се за билки како босилек или рузмарин.

6.Намалете го консумирањето на алкохолот

Од премногу алкохол телото дихидрира и бидејќи нема доволно течности не може да се исчисти од токсините кои се насобираат во него. Овој проблем најдобро се решава со надоместување на изгубените течности поради што се препорачува вода.

7.Занимавајте се со некоја физичка активност

Секој ден лесна физичка активност ја намалува подуеноста бидејќи со зголемувањето на бројот на отчукувањата на срцето и забрзаното дишење мускулите во дигестивниот систем се стегаат и спречуваат гасови и подуеност. Се препорачува возење на велосипед или лесна прошетка по оброкот.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 18.08.2023 16:52:32