Кардамон за зголемување на апетитот и согорување на маснотии

Сакате да ja одржите витката линија и да ги намалите мастите? Зачинот кардамон може да биде вашата совршена опција, според нова студија која откри низа здравствени придобивки од консумирањето кардамон, вклучувајќи зголемен апетит, губење на маснотии и намалување на воспаленијата.



Кардамонот е популарен зачин во многу делови на светот, има топол хербален вкус и арома која наликува на мешавина од еукалиптус, нане и бибер.

Сега, истражувачите од Тексас А&М колеџот за земјоделство и животни науки го нарекоа зачинот „суперхрана“.

-Она што го откривме е дека овој мал зачин може да согорува калории и да ја одржува телесната тежина додека го зголемува апетитот и потрошувачката на храна, рече главниот истражувач Луис Циснерос-Зевалос од универзитетот.

Студијата потврди дека кардамонот ги модулира нервните кола кои ја регулираат липолизата на масното ткиво и митохондријалниот оксидативен метаболизам во црниот дроб и скелетните мускули.

Циснерос-Зевалос верува дека оваа нова функционалност откриена во кардамонот може да се користи на растечкиот пазар на спортска исхрана или како помош за зголемување на апетитот кај лицата кои закрепнуваат.

Тој објасни дека други поврзани студии покажале дека кардамонот има и антиинфламаторни својства. Неговото истражување покажува дека кардамонот може да го намали воспалението од низок степен кое доведува до хронично воспаление и развој на низа болести.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 14.08.2023 12:57:51