Омнибус

Утринско кафе прекинато од удар на метеорит

Зарем не мразите кога ќе ви го прекинат утринското кафе? Една жена од Франција, доживеа навистина непријатно изненадување кога парче од метеор ја удрило во ребрата додека уживала во својата утринска навика.



Жената седела на тераса со својата пријателка, кога од покривот до нив слушнала звук по што почувствувала удар.

-Мислевме дека е парче цемент, она што го нанесуваме на плочките. Но, ја немаше истата боја, вели таа. По ударот се здобила со модринка во близина на ребрата, но освен тоа, останала неповредена.

Збунетата жена ја однела карпата кај геологот д-р Тиери Ребман, кој ја испитал и потврдил дека има вонземско потекло.

-Да се најде метеор е веќе невообичаено, но да се биде во директен контакт и да падне врз вас, тоа е астрономски ретко, вели тој.

До сега во Франција се забележани само 5 инциденти на пад на метеорити.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 18.07.2023 15:02:33