4 намирници за одржување на здрава тежина

Покрај протеините, јаглехидратите и мастите, растителните влакна се мошне важен макронутриент што му е потребен на нашето тело за да напредува. Ова е особено точно ако се обидувате да изгубите некој килограм или да оддржите здрава тежина. Во прилог следат 4 намирници што можат да ви помогнат во остварувањето на таа цел.

1. Цвекло



Првата храна богата со растителни влакна што ја препорачуваат експертите е цвеклото. Овој зеленчук содржи неверојатни 3,4 грама влакна. Цвеклото може да помогне во олеснување на дигестивните проблеми како надуеност, воспаление на желудникот и гасови. Кога цвеклото е кисело, тоа е уште подобро за полесно варење.

2. Јаболка

Јаболката се одлично овошје што можете да го јадете за да додадете растителни влакна во вашата исхрана. Тие се преполни со клучни хранливи материи за губење на тежината и антиоксиданси за намалување на воспаленијата и подобрување на имунитетот. Влакната во јаболката помагаат да се исфрлат холестеролот и мастите кои циркулираат во крвта, како и да се чувствувате сити подолго време, што од друга страна го спречува прејадувањето.

3. Јаткасти плодови



Веројатно сте слушнале повеќе пати дека јаткастите плодови се корисни за слабеење. Не само што се богати со влакна, туку содржат и здрави масти. Во исхраната можете да вклучите и други популарни додатоци со висока содржина на влакна како сушено овошје, семиња и гранола. Протеините и влакната можат да ве одржат сити и задоволни помеѓу оброците за да спречите прејадување. Затоа јаткастите плодови се одлична закуска богата со растителни влакна за секој што сака да изгуби некој килограм.

4. Цреши

Ова е уште едно овошје кое може да ве држи посити подолго за да избегнете зголемување на телесната тежина. Убавината на црешите е тоа што тие се и одличен природен извор на мелатонин, па така освен што се добри за дигестивниот систем, може да поттикнат и добар сон.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 30.05.2023 12:44:25