Со 5 намирици до совршен летен тен

Летото е на повидок, а со него и поголемото изложување на сонце.

Доколку сте од оние кои со нетрпение чекаат да го облечат костимот за капење и да уживаат на некоја плажа, следи листа од 5 мошне важни намирници кои ќе ви помогнат да го добиете совршениот летен тен, притоа одржувајќи ја вашата кожа здрава.

1.Моркови



Морковите се извор на бета-каротин, антиоксиданс кој е предкурсор на витамин А. Тој помага во заштитата на кожата од УВ зраците, како и во зголемување на производството на меланин и степенот на потемнување.

2.Лосос

Рибата богата со омега-3, како што е лососот, може да помогне во зголемувањето на производството на меланин, да го подобри тенот, но и да ја заштити кожата од оксидативен стрес и евентуално воспаление.

3.Спанаќ

Спанаќот е добар извор на хлорофил кој, според едно истражувата, помага во фотозаштита на кожата така што го забавува на оштетувањето од изложување на сонце.

4.Домати

Доматите се богати со ликопен, антиоксиданс кој ја штити кожата од сончевите зраци, а исто така ја подобрува нејзината еластичност и мекост.

5.Зелен чај

Катехинот, антиоксиданс кој се наоѓа во зелениот чај, има антиинфламаторни и фотопротективни својства, па може да помогне во заштитата од изгореници од сонце, а со тоа и во квалитетот на сончањето.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 25.05.2023 11:52:58