Футурама

ФОТО: Неверојатни фотографии од Сонцето

Најголемиот и најмоќниот соларен телескоп на Земјата долови неверојатен поглед на површината на Сонцето.



Во серија нови снимки, набљудувањата на сончевиот телескоп Daniel K. Inouye ги откриваат сложените детали од сончевите дамки и движењето на плазмата во сончевата атмосфера до резолуција од околу 20 километри.

На овие размери, плазма структурите изгледаат како потези со четка и текстури на слика. Не е познато што ги придвижува соларните циклуси како и што ги создава сончевите дамки.



Сепак, информациите поврзани со нив се мошне важни за нас бидејќи масивните облаци од наелектризирани честички кои се удираат во магнетното поле на Земјата може да предизвикаат голем број нарушувања врз нашата технологија.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 23.05.2023 12:13:58