Футурама

Дали сте магнет за комарци?

Ново истражување покажува дека определени мириси можат да претворат некои луѓе во магнет за комарци. Истражувачите открија дека комарците ги привлекува мирисот на човечкото тело поради некои киселини кои најчесто може да се најдат во сирењето, млекото, павлаката и јогуртот.



За потребата на студијата, објавена во списанието Current Biology, истражувачите од Институтот за истражување на маларија Џонс Хопкинс и Медицинскиот факултет соработуваа со Мача Истражувачкиот фонд во Замбија и испитуваа кој тип на човечки мирис е попривлечен за комарците.

Тие користеле кафез кој бил наполнет со рој од 200 африкански комарци.

Шест учесници во студијата спиеле во шатор од каде што се испумпувале здивот и мирисите од телото на учесниците со помош на долги цевки до кафезот со комарците. Според наодите од студијата, комарците најмногу ги привлекувале карбоксилните киселини во воздухот, вклучително и маслената киселина, соединение присутно во „смрдливите“ сирења.

Според истражувањето додека карбоксилните киселини ги привлекувале комарците, друга хемикалија наречена еукалиптол, ги одвраќала. Воедно било забележано дека инсектите ги следат миризливите патеки кои произлегуваат од луѓето и обично најмногу напаѓаат во периодот од 22 часот до 2 часот по полноќ.

Ова е прв пат да се направи експеримент од ваков тип и размер надвор од лабораторија.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 22.05.2023 14:20:16