Премиерата на „The Dial Of Destiny” најпопуларен настан на Канскиот филмски фестивал

Премиера на „The Dial Of Destiny” петто и последно појавување на археологот Индијана Џонс несомнено е најпопуларен настан на 76-от филмски фестивал во Кан. Холивудскиот ветеран Харисон Форд (80) имаше ретко појавување на црвениот тепих заедно со својата сопруга Калиста Флокхарт (58).

Премиерата се покажа и како најпосетен настан на овогодинешниот Кански фестивал, со мноштво гламурозни убавици, меѓу кои и Карли Клос и Џема Чан, кои исто така беа присутни.

Форд ја репризира својата улога како титуларен херој за последен пат во петтиот филм за Индијана Џонс, откако за прв пат го презеде иконскиот лик во 1981 година во „Raiders Of The Lost Ark”.

Во филмот, кој треба да се појави во кината низ светот од 30 јуни, играат и Мадс Микелсен и Антонио Бандерас, а го режираше Џејмс Манголд.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 19.05.2023 10:18:59