Футурама

Во Германија најдени човечки отпечатоци стари 300.000 години

Германски научници открија човечки отпечатоци стари 300.000 години.

Станува збор за праисториските „Луѓе од Хајделберг“, одамна исчезната човечка цивилизација, која пред 300 илјадалетија живеела во планините Харц во денешна Германија.

Научниците веруваат дека овие совршено сочувани отпечатоци се најстарите досега пронајдени во Германија, пренесува „Sky News”.

Отпечатоци од стапала биле откриени на палеолитското наоѓалиште Шенинген на планината Харц, а биле пронајдени и животински отпечатоци.

Извор:  МИА
Објавена на 18.05.2023 11:26:38