Вишокот килограми носи опасност од рак на бубрезите и на дебелото црево

Лицата со прекумерна тежина се соочуваат со зголемена можност од рак - дури и кога се чини дека се медицински здрави, посочува истражување на Универзитетот Лунд во Малме, Шведска.



Истражувачите проучувале здравствени податоци на речиси 800.000 жители на Европа. Така, откриено е дека најзагрозени се луѓето со вишок килограми кои имаат метаболички компликации. Нормалниот крвен притисок, холестерол и ниво на шеќер во крвта не се гаранција за оние кои имаат прекумерна тежина, велат наводите.

-Овие наоди се дополнителен доказ против тоа дека луѓето може да бидат дебели, но фит, нагласуваат стручњаците.

Авторот на испитувањата, д-р Минг Сан смета дека многу случаи на рак веројатно би можеле да се спречат со таргетирање на коегзистенција на метаболичките проблеми и прекумерната тежина.

Метаболички здрави мажи со прекумерна тежина имале 67 отсто поголема опасност од рак на бубрезите и 42 насто поголема опасност од рак на дебелото црево. Сепак, поврзаноста со ракот на панкреасот и ракот на ректумот нема таква статистички значајност, според истражувачите.

Вишокот килограми го зголемуваат ризикот од рак на крвта, наречен мултипен миелом, за 50 отсто. Сепак, изненадувачки е тоа што ниту метаболички здрави, ниту нездрави мажи со вишок килограми тука не биле посклони кон овој вид рак, од врсниците со нормална тежина.

Извор:  МИА
Објавена на 15.05.2023 16:07:27