Викендов во Хотел Лимак, Скопје се одржува првиот саем за козметика, коса и естетика - BEAUTY EXPO ’23. Саемот свечено беше отворен вечера со ревијата на „Ador Gold” и ќе трае до недела, 14-ти мај.
Посетителите ќе имаат можност да ги разгледаат штандовите на околу 40-тина изложувачи кои нудат богат избор на производи по промотивни цени и саемски попусти.
Влезниците се со цена од 200 ден, а организатори на саемот се Арт Школа за убавина и Во Бело.