5 намирници кои ја спречуваат појавата на брчки

Сите би сакале магично да ги избегнат брчките и да имаат младешки изглед на кожата. Пред да започнете со користење на скапи креми или да се подложите на ласери и инјекции, обидете се да ги вклучите овие 5 намирници во вашата исхрана.

Истражувањата покажуваат дека токму овој тип на храна помага во одржување на еластичноста и здравиот изглед на кожата, а со тоа и во намалување на брчките.

1.Боровинки


Боровинките се богати со антиоксиданси! Оваа мала суперхрана помага во одржување на здравата структура и еластичност на кожата.

2.Авокадо

Авокадото е совршено за кожата бидејќи освен тоа што можеме да го јадеме, многу е корисно и кога се користи како маска за лице. Тоа содржи витамини Ц и Е и делува како природен навлажнувач и форма на колаген, кој е одличен за вашата кожа.

3.Ореви

Оревите имаат високи концентрации на витамини Б и Е. Тие помагаат да се спречи оштетување на кожата и да не се создаваат брчки. Исто така можат да помогнат и со темните кругови околу очите.

4.Kалинки

Поради своите антиоксидантни својства, калинката прави чуда во борбата со стареењето на кожата. Таа е богата со витамин Ц, танини, антоцијани и елагична киселина, кои го спречуваат оштетувањето на кожата од слободните радикали и овозможуваат заштита на кожата.

5.Ананас

Ананасот е богат со витамин Ц и антиоксиданси кои можат да го подобрат здравјето на кожата. Помага во намалување на појавата на фини линии и ја подобрува еластичноста.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 27.03.2023 10:46:01