Селена во одбрана на Хејли по добиените смртни закани

Селена Гомез реши да застане во одбрана на Хејли Бибер, откако сопругата на Џастин Бибер лично стапила во контакт со неа затоа што добива закани по живот, поради нивната наводна караница.



Драмата која што настана поради неколку постови на социјалните мрежи кои беа протолкувани како булинг на Селена од страна на Хејли и Кајли Џенер, доби своја кулминација.

Гомез сподели пост во кој замоли смирување на топката.

-Хејли Бибер ми се обрати бидејќи добива смртни закани и таква негативност од омраза. Ова не е она за што јас се залагам. Никој не треба да поминува низ омразата на булингот. Секогаш сум се залагала за добрина и навистина сакам сето ова да запре!

Ова е втор пат како Селена се обидува да ја одбрани Хејли. Во 2019-та, таа не го спомна нејзиното име, но истакна дека не се залага за тоа жени да уништуваат други жени и воедно ги замоли обожавателите да не бидат груби и да се воздржат од лоши коментари.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 24.03.2023 16:01:58