Бојан Кркиќ ја заврши фудбалската кариера

Поранешниот фудбалер на Барселона, Бојан Кркиќ, и официјално ја заврши професионалната кариера на 32-годишна возраст.

- Сега имам 32 години и после толку многу што научив и доживеав сакам да објавам крај на својата кариера на професионален фудбалер, објави Кркиќ.

Шпанскиот фудбалер со српско потекло дебитираше за Барселона во сезоната 2007/08 одигрувајќи 163 натпревари на кои постигна 43 голови.

Со 17 години и 51 ден беше најмлад стрелец на Барселона во Примера, додека тој рекорд не го урна Ансу Фати.

Кркиќ и натаму е најмладиот фудбалер во историјата на Барселона кој прв запишал 100 настапи за каталонскиот клуб. Со Барселона освои три шпански титули, две титули европски и една светски првак.

Во кариерата Кркиќ настапуваше и за Рома, Милан, Ајакс, Стоук, Мајнц, Алавес, Монтреал, додека последен клуб му беше јапонски Висел Кобе.

Извор:  MIA
Објавена на 24.03.2023 11:38:28