Принцот Вилијам „уловен” во ЛГБТ ресторан во Полска

ЛГБТ ресторан е последното место каде што би очекувале да видите некој од британското кралско семејство, а уште помалку самиот принц Вилијам.



Посетителите на Butero Bistro во Варшава останале вчудоневидени кога забележале дека во нивното омилено место влегува ни помалку, ни повеќе туку наследникот на британскиот трон.

Според блиски извори на палатата, принцот решил да му се придружи на тимот од вработени, кои претходно направиле резервација во ресторанот.



Вилијам, кој е прв во редот за британскиот трон, вчера го посети Жешов, пред да отпатува за Варшава. Неговата посета беше држена во тајност и проследена со огромно обезбедување.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 23.03.2023 14:01:04