Повеќе од 700 каратисти од десет држави пријавени за Гран при Македонија

Во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје претстојниот викенд ќе се одржи меѓународниот карате турнир Гран при Македонија.

- На турнирот до сега се пријавени 728 натпреварувачи од Албанија, Азербејџан, Бугарија, Грција, Косово, Молдавија, Црна Гора, Македонија, Србија и Турција.

За одбележување особено ќе бидат натпреварите во борби во категоријата кадети и јуниори машки во апсолутна категорија, каде се пријавени натпреварувачи кои се светски и европски прваци во овие категории.

Отворањето на првенството ќе биде в сабота (25 март) во 12:30 часот од страна на градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски, соопштија од Карате федерацијата на РС Македонија.

На турнирот учесниците ќе се натпреваруваат во дисциплината кати и борби во соодветните возрасти и категории.

Извор:  MIA
Објавена на 23.03.2023 13:31:18