Ричардс добива 15 милиони долари за продолжување на договорот со Шарлот

Центарот на Шарлот, Ник Ричардс се согласи да го продолжи договорот со клубот. Хорнетс не ги открија условите на договорот, но агентите на кошаркарот, Џејвон Филипс и Џеред Мучи, на „Excel Basketball“, изјавија дека договорот е за три години и „тежи“ 15 милиони долари.

Ако Ричардс не го продолжеше договорот до 30 јуни, тој ќе станеше ограничен слободен играч претстојното лето.

Дваесет и петгодишниот центар оваа сезона има просек од 7,9 поени, 6,1 скока и 1,1 блокада по натпревар.

Шарлот е претпоследен во Источната конференција во НБА-лигата со биланс од 23 победи и 50 порази.

Извор:  0
Објавена на 23.03.2023 10:50:58