ВИДЕО: Тамара Тодевска ја објави својата нова песна „Нијагара“

Поп-пејачката, Тамара Тодевска, денеска ја објави својата нова песна „Нијагара“, која ја испеа на српски јазик.



-Со задоволство Ви ја споделувам мојата нова песна и видеоспот - „Нијагара“. Брза и динамична, но со порака во која верувам дека многумина ќе се пронајдат. За прв пат и јас се јавувам како една од авторите на текстот и музиката, заедно со мојот соработник и пријател Лазар Цветкоски, напиша Тамара на својот FB профил.

Спотот е дело на Огнен Шапковски и „MELEM" Production.


Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 22.03.2023 14:47:54