Скалони: Сакам да гледам дека репрезентацијата на Аргентина му припаѓа на секој Аргентинец

Селекторот на репрезентацијата на Аргентина, Лионел Скалони проговори за односот со навивачите на националниот тим.

- Сакам да гледам дека репрезентацијата на Аргентина му припаѓа на секој Аргентинец. На натпреварите доаѓаат со таква радост и ентузијазам, како за прв пат. Ми се допаѓа што навивачите гледаат дека секој играч е еден од нив, тимот им припаѓа на сите. За оние од нас кои имавме можност да бидеме на улиците на Аргентина, вистината е дека доживеавме голема радост. Луѓето се среќни и нè гледаат како херои. И тоа не прави среќни, бидејќи им дадовме причина за радоста што се уште се чувствува, изјави Скалони за „TyC Sports“.

Репрезентацијата на Аргентина го освои Светското првенство во Катар во 2022 година. Аргентинците трипати го имаат освоено Мундијалот.

Извор:  0
Објавена на 22.03.2023 13:20:15