Футурама

Научници пронајдоа дел од РНК и витамин Б3 во примерок од астероид

Органски молекули се откриени во примероците собрани од „Hayabusa2“ јапонската мисија на астероидот Рјугу, кој се наоѓа во близина на Земјата.



Кога истражувачите ги анализирале примероците, собрани од две различни локации на астероидот, откриле урацил, еден од градежните блокови на РНК, како и витамин Б3 или ниацин, кој е клучен кофактор за метаболизмот кај живите организми.

Урацилот е нуклеобаза или соединение што содржи азот. Тоа е една од петте нуклеобази во ДНК и РНК, протеините и молекулите кои содржат генетски информации и клучни инструкции за клетките на живите организми.

Студијата со детали за наодите е објавена во списанието Nature Communications.

Рјугу е астероид богат со јаглерод, во облик на дијамант, кој е широк околу 1 километар. „Hayabusa2” беше првата мисија која врати примерок од астероидот, преку правење на кратер со помош на бакарен “куршум“. Примерокот беше преземен од кратерот во 2019-та и исфрлен во Австралија, откако „Hayabusa2“ помина покрај Земјата во 2020-та.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 22.03.2023 12:44:46