Дензел Вашингтон повторно се обединува со Ридли Скот за „Гладијатор 2“

Дензел Вашингтон повторно ќе соработува со режисерот Ридли Скот за да биде дел од продолжението на блокбастерот, Гладијатор.

Според „Deadline“ Вашингтон е во последните преговори за да глуми покрај Пол Мескал во претстојниот филм. На актерот му било понудено да биде дел од филмот без да се знае дали тој воопшто ќе прифати. Сепак, по читањето на сценариото, Дензел бил мошне возбуден поради улогата а што Ридли Скот ја има на ум за него.

Продолжението на „Гладијатор“ ќе ги врати и Џенти Јејтс и Артур Макс. Јејтс ги дизајнираше костимите за оригиналниот филм, додека Макс служеше како продукциски дизајнер.

Деталите за сценариото и понатаму остануваат во тајност.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 21.03.2023 11:26:22