ВИДЕО: Тејлор Свифт се нурна во сцената

Концертите на Тејлор Свифт несомнено се едно од најдобрите доживувања за нејзините обожаватели. Пејачката во моментот е на долгоочекуваната „Eras“ турнеја, на која им приреди вистински 3-часовен спектакл на посетителите изведувајќи дури 44 песни.

Сепак, најимпресивниот дел од целото шоу е мигот кога Тејлор буквално се нурнува во сцената, која е претставена како огромен базен и „плива“ под неа.

Обожавателите се воодушевени, а видеата од настанот за кратко ги преплавија социјалните медиуми.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 21.03.2023 10:51:32