Пинк не и дозволува на својата ќерка да има мобилен

Многу родители не им купуваат мобилен телефон на децата подолго време, поради тоа што сметаат дека повеќе е штетен, отколку корисен. Понекогаш дури и кога сите во одделението имаат телефон, како и детето, така и возрасните одолеваат на искушенијата и одлучуваат дека сè уште не е време за телефон.



Меѓу „познатите“ родители, тука спаѓа и американската поп-пејачка Пинк, меѓу другите. Во неодамнешно интервју, таа откри дека нејзината ќерка Вилоу, која има 11 години сè уште нема мобилен, ниту пак, наскоро ќе добие. Пинк вели дека нема да ѝ купи паметен уред сѐ додека самата таа не изнајде причина зошто тоа би било добро за неа.

- Ѝ реков на Вилоу, ако може да ми најде литература од угледен извор, што покажува дека мобилните телефони и воопшто социјалните мрежи, се добри за неа, тогаш може да има еден таков. Инаку, не доаѓа предвид!, објасни Пинк.

Пејачката, инаку, покрај Вилоу го има и шестгодишниот син Џејмсон.

Извор:  МИА
Објавена на 20.03.2023 15:27:27